ФЗО ги зголеми цените на кардиохируршките операции за деца

Фото: Принтскрин

Алијансата на Албанците обвинува дека Фондот за здравство ги зголемил цените на кардиохируршките операции за 15 до 30 отсто откако беше одлучено операциите на детска кардиохирургија да се изведуваат во приватни болници.

Арбен Таравари од АА вели дека операцијата пред договор со приватната клиника „Жан Митрев“ изнесувала 12 а сега изнесува 16 илјади евра.

Според ценовниците објавени на веб страната на Фондот за здравство до ноември лани цената на кардиоваскуларна операција на деца до 18 години изнесувала 732 880 денари, а сега изнесува 997 350 односно за околу 4000 евра поголема од првичната цена. Изност за кардиоваскуларни процедури кај новороденчиња пак од 782 302 денари се зголемил на 1 124 559 денари или околу 6.000 евра повеќе.

Директорот на ФЗО Ден Дончев, тврди дека зголемувањето е направено минатиот ноември на две различни операции за 10 и 15 отсто, но за полесно фактурирање, се пресметува како 35 отсто.

Директорот тврди дека наместо да се трошат пари во Турција и западноевропските земји за овие операции, парите ќе се трошат во државата и нема да бидат толку скапи операциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот