Футсалците ги дознаа ривалите за пласман на ЕП 2022

Фото: ffm.mk

Доколку македонската најдобра футсал репрезентација ја совлада Англија во бараж натпреварите, ќе се најде во квалификациската група 4 со селекциите на Романија, Србија и Босна и Херцеговина за пласман на Европското првенство 2022 година.

Квалификациите ќе се играат од 6 декември годинава, до 14 април 2021. Селекторот на нашите најдобри футсалци, Васко Скендеровски вели дека најважно за нас е да го поминеме бараж предизвикот против Англија.

Потсетување дека годинава во претквалификациската група во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје го освои второто место, со победа над Велс (1:0), а пораз од Норвешка (1:2).

Натпреварите ќе се организираат во Скопје на 8 и 9 ноември 2020 година.

На прв поглед групата е поволна, но противниците се исклучително силни. Уште повеќе што ние се наоѓаме во ситуација кога не смееме да се ставаме во улога на фаворит против било кој противник. Но, за нас најважно во моментов е да се подготвиме најдобро за бараж натпреварите против Англија и да ја оствариме првичната цел, а тоа е пласманот во главната натпреварувачка фаза.

По рејтинг ќе бевме во третиот барабан за квалификациската група, но УЕФА веќе ги одреди репрезентациите кои ја минаа претквалификациска фаза. Се надевам дека ќе бидеме подготвени, здрави и без повредени играчи и повторно ќе се бориме за висок пласман во квалификациите – вели Скендеровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот