Фустан што ги изнервира Американците: Црвениот тепих не е место за политика

Многумина коментираа дека „црвениот тепих не е место за политика“.

Американската пејачка и политичка активистка Џој Вила се појави на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите во една многу „патриотска“ комбинација.

Позираше пред фотографите во необичен фустан – реплика на американското знаме на кое пишува „Трамп“, а на самото дно стои „2020“. На минијатурната ташна имаше црно знаме со слон, кој е симбол на републиканците.

Младата 27-годишна пејачка е позната по поддршката што му ја дава на Трамп, а тоа освен сега, го направи и во февруари 2019 година, кога се појави на доделувањето на наградите МАГА во тоалета со принт на ѕид, алудирајќи на изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

Многумина коментираа дека „црвениот тепих не е место за политика“.

Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот