Фустан кој ги брише годините: Луси Лу (50) заблеска како никогаш досега (ФОТО)

profimedia

Сите погледи беа завртени кон оваа актерка која буквално со својот екстравагантен фустан блескаше на црвениот тепих.

Во текот на вчерашното доделување на Тони наградите, актерката Луси Лу (50) привлече најмногу погледи и тоа благодарение на неверојатно прекрасниот фустан со виолетова боја.

Овој бајковит фустан со длабоко деколте и неколку резови ја подмлади актерката за минимум 10 години.

profimedia

Луси Лу носеше обетки од жад, а во рацете држеше торбичка со иста боја. На лицето имаше минимална шминка, а долгата црна коса и беше префрлена наназад откривајќи и го лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот