Фуриозен старт на Ѓоковиќ и Надал

EPA-EFE/CHEMA MOYA

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал фуриозно ги започнаа настапите на вториот годинашен Гран слем турнир, Ролан Гарос. На првиот светски рекет, му беа потребни 96 минути за го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 6:4,6:2,6:2, додека Надал му препушти само шест гема на Јаник Ханфман (6:2,6:1,6;3).

Новак Ѓоковиќ доколку успее да триумфира на Ролан Гарос, по втор пат ќе биде актуелен шампион на сите четири Гран слем турнири, додека мисијата на Надал е 12. титула на терените во Париз.

– Новак е неверојатно талентиран бидејќи успева да доминира со години. Не знам како му успева во денешниот тенис, но знам дека игра најдобро во одлучувачките моменти. Тој веќе еднаш ги имаше сите четири Гран слем титули во свои раце, а сега се наоѓа на последната пречка за да го повтори тој успех. Единствен проблем за Новак може да биде Рафаел Надал кој обожува да игра на овие терени – вели легендата на тенисот, Род Лејвер.

За разлика од дамите, каде во двата дена се случи по едно големо изненадување, кај мажите фаворитите се сигурни на стартот. Борна Чориќ во четири сета (6:1,6:7,4:6,4:6) го совлада Бедене, додека работата во три сета ја завршија Ришар Гаске и Карбаљес Баена во дуелите против Миша Зверев и Милер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот