„Фуријата“ пресилна за кошаркарските надежи

фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години е поразена од селекцијата на Шпанија со 59:86 на Европското првенство А-дивизија што се одржува во Скопје и во осминафиналето оди како третопласирана од групата.

Победата која ги однесе во нокаут фазата, кошаркарите ја остварија над Црна Гора во првото коло, по што следеа порази од Грција, и денеска од Шпанија.

Во осминафиналето македонските кадети ќе играат против селекцијата на Турција.
Шпанците победата ја обезбедија уште во првото полувреме во кое направија предност од 26 поени (22:48) по што рутински го одработија второто полувреме за конечни 59:86.

Никола Јаничиќ со 12 поени и Стефан Стојковиќ со 11 поени беа најдобри кај Македонија, додека кај Шпанија се истакнаа Марио Сент-Супери со 16 и Гонзало Фернандез со 14 постигнати поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот