„Фуријата“ немилосрдна пред СП: 102 поени за +32! (ВИДЕО)

фото: feb.es

Еден од фаворитите за медал на претстојното Светско првенство во Кина доминантно го отвори дуелот со серија од 12:0 по што целосно го контролираа натпреварот.

До паузата Шпанците со добра игра во нападот и одбраната стекнаа позитива од +16 (51:35), а пред завршната четвртина беше и големи 82:50 на семафорот.

До крајот на средбата беше само рутина, а прв стрелец во триумфот беше плејмејкерот Рики Рубио со 20 поени и шест асистенции, следен од Вили Ернангомес со 13 поени, Марк Гасол (12), а Хуанчо Ернангомес додаде 11 поени и седум скокови.

На спротивната страна доминираа Роналдо Робертс јуниор и Елој Варгас по 11 поени.

Шпанија на СП кое стартува на 31 август е во групата Ц со селекциите на Иран, Тунис и Порторико, додека Доминикана е во групата Г со Франција, Германија и Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот