„Фуријата“ ја збриша Германија, Исланд го изненади светскиот шампион

twitter/DEPORTE OLÍMPICO

По вчерашниот пораз на Франција, денеска ново изненадување, Данска загуби од Исланд.

Дербито на третиот ден од Европското првенство во ракомет се одигра во Трондхајм, Норвешка, во кое Шпанија ја совлада Германија со 33:26.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање победата над Германија. За доминантната игра на „фуријата“ доволно говори и тоа што во вториот дел имаше дојде дури и до двоцифрена предност (29:19), по што следеше опуштање кои го искористија германските ракометари за да ја намалат негативата.

Најефикасен на средбата беше поранешниот ракометар на Вардар, а сега член на Киелце, Алекс Душебаев со седум постигнати голови од седум шутеви.

Второто големо изненадување на ЕП го направи Исланд кој со 31:30 го победи светскиот шампион Данска.  На Данска не и помогна ниту одличниот Микел Хансен кој постигна девет гола, и дојде до бројката од 200 постигнати голови на европските првенства. Во победничкиот тим, најдобар беше Арон Палмарсон исто така со девет гола.

Во балканското дерби, Црна Гора беше поуспешна од Србија со 22:21, пред се благодарение на расположените Грбовиќ и Божовиќ кои дадоа пет односно четири гола без ниту едно промашување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот