Фунтата падна на најниско ниво во последните две години

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот ја однесе Велика Британија уште поблиску до брегзит без договор, инсистирајќи на тоа дека нема да одржи разговори за излезот од Европската Унија со лидерите на блокот, освен ако ЕУ не се согласи да го отвори постојниот договор за излез, особено во врска со ирскиот дел.

Во такви услови, фунтата падна на најниско ниво во однос на еврото во последните две години, бидејќи инвеститорите почнаа да стравуваат дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на крајот на октомври без договор околу условите за излез.

Фунтата падна за повеќе од 1 процент на 1,10 € и 1,22 американски долари – најниско ниво во однос на доларот во 28 месеци.

При посетата на Шкотска Џонсон ја повтори пораката што ја кажа многу пати откако стана премиер минатата недела: – Договорот за излез е мртов и мора да се отфрли – рече тој.

Но, тој изрази оптимизам дека може да се постигне нов договор.

Џонсон рече дека ЕУ мора да се откаже од идејата да ја задржи ирската граница отворена. Во тој случај Велика Британија ќе мора да остане усогласена со царинските правила на ЕУ. Џонсон се обидува да изврши притисок врз ЕУ да попушти со интензивирање на подготовките Велика Британија да го напушти блокот за три месеци без договор.

Меѓутоа, 27-те други членки на ЕУ јавно и приватно стојат на ставот дека нема да се прегова за договорот за излез, вклучувајќи го и ирскиот дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот