Фулам е последниот учесник во Премиер лигата (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва го дознавме и последниот патник во Премиер лигата следната сезона, а тоа е екипата на Фулам.

На денешниот натпревар одигран на „Вембли“ стадионот во Лондон, составот на Фулам после продолженијата успеа да го совлада Брентфорд со 2:1.

Стрелец на првиот гол беше Брајан во 105 минута, од слободен удар сите очекуваа да пронајде еден од неговите тимски колеги, но го измами голманот кој погрешно процени и дозволи лесно да биде затресена неговата мрежа.

Истиот играч ја зголеми предноста во 117 минута после асистенцијата на српскиот интернационалец Митровиќ. Брентфорд само успеа да го ублажи поразот преку Далсгаард (120+4).

Така, преку плејофот Фулам е третата екипа од Чемпионшип која успеа да обезбеди „билет“ за Премиер лигата, после Вест Бромвич и Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Сите 20 учесници во новата сезона од Премиер лигата (2020/2021):

Арсенал, Астон Вила, Брајтон, Барнли, Челси, Кристал Палас, Евертон, Фулам, Лидс, Лестер, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Њукасл, Шефилд јунајтед, Саутемптон, Тотенхем, Вест Бромвич, Вест Хем, Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот