Фудбалските надежи веруваат во победа над Црна Гора

фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се наоѓа во завршни подготовки пред натпреварот со Црна Гора во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Фудбалските надежи квалификациите ги стартуваа со убедлива победа од 7:1 над Фарски Острови и натпреварот во четврток (17 ч.) ќе биде првиот вистински тест за избраниците на селекторот Благоја Милевски. Фудбалерите веќе се наоѓаат во Подгорица каде се подготвува тактиката која треба да донесе нови три бодови во квалификациите.

Младиот напаѓач Дарко Чурлинов верува дека со тој и неговите соиграчи можат да дојдат до победата.
– Напорно се подготвуваме за двата натпревари кои ни следуваат, а посебно за дуелот со Црна Гора кој не очекува в четврток. Противникот е квалитетен, но сметам дека не е посилен од нас. Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Битно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода – вели Чурлинов.

Капитенот Јани Атанасов истот така е оптимист пред натпреварот во четврток.
– Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Најважно е што сите сме здрави, нема повредени и максимално сме посветени на тренинзите и исполнувањето на задачите од стручниот штаб. Би било идеално доколку со победа на гостински терен ги продолжиме квалификациите и ќе дадеме сѐ од себе тоа да го постигнеме. Треба да покажеме карактер и да го искористиме секој момент што како шанса ќе ни се укаже. Црна Гора е квалитетна репрезентација, доволно се познаваме, јасно ни е дека на домашен со ниту една селекција не е лесно, но ние имаме цел да победиме и се надевам дека тимски во тоа и ќе успееме, изјави Јани Атанасов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот