Фудбалски земјотрес, Халанд се договори со Реал Мадрид

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Норвешка, Ерлинг Халанд се договори со Реал Мадрид за трансфер ова лето. Оваа информација ја пренесе италијанскиот новинар Алфредо Педула кој објави дека Халанд ги договорил личните услови, и останува уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето.

Борусија Дортмунд бара 175 милиони долари, но доколку германскиот тим не ги намали апетитите, тогаш наредната година Халанд ќе си замине за само 75 милиони евра.
Оваа вест претставува големо изненадување бидејќи најавите беа дека Реал Мадрид во летниот преоден рок планираше да го ангажира Килијан Мбапе.

Желбата на претседателот на Реал Мадрид е на „Сајтијаго Бернабеу“ да ги донесе и Халанд и Мбапе, но и самиот е свесен дека поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, нема да може да ги реализира двата трансфери во една година и планира ова лето да донесе еден од нив двајца, и идната година да го ангажира и вториот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот