Фудбалски спектакл на стартот од 2022, Сити со пресврт и гол во судиското продолжение го победи Арсенал

„Граѓаните“ заедно со Ливерпул најголеми кандидати за трофејот во Лигата на шампионите/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Првиот натпревар во Премиер лигата во 2022 година не разочара, напротив, им понуди фудбалски спектакл на навивачите кој заврши со победа на Манчестер сити. „Граѓаните“ славеа со 1:2 на гости кај Арсенал и тоа со пресврт, а победничкиот гол беше постигнат во третата минута од судиското продолжение.

Со победата во 21 коло, Манчестер сити е лидер на табелата со 53 бода, 11 повеќе од Челси кој пак има натпревар помалку. Од друга страна, Арсенал ја прекина серијата од четири победи по ред со кои се искачи на четвртото место на табелата.

Арсенал поведе со 1:0 со голот на Букајо Сака во 31 минута, откако претходно во 10 минута судијата по консултација со ВАР собата одлучи да не досуди пенал за „топчиите“ по прекршокот над Мартин Едегор.

Во второто полувреме, „граѓаните“ направија целосен пресврт. Прво во 53 минута беше досуден пенал за Сити по прекршокот на Гранит Џака над Бернардо Силва, а сигурен реализатор беше Ријад Марез. Само неколку минути подоцна, Габриел доби втор жолт картон што значеше исклучување и предност за „граѓаните“ од играч повеќе во последните 30 минути игра.

Гостите веднаш ја презедоа иницијатава, доминираа на теренот, но не успеаја да најдат начин да го совладаат Ремсдејл се до 93. минута кога погоди Родри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот