Фудбалски Робин Худ, парите фрлени за Нејмар би ги дал на сиромашните и гладните

Невен Суботиќ не е како поголем дел од познатите фудбалери, на него парите и материјалните работи не претставуваат преголемо задоволство, што не се вклопува во модерниот свет каде парите и славата се примарни за сегашните ѕвезди.

Дека Суботиќ не оди по парите, доказ е одлуката да потпише за Унион Берлин иако имаше понуда и од англискиот великан Арсенал. Тој во интервјуто за тиражниот “Билд“ се обиде да ги спореди неговиот нов клуб и еден од најбогатите клубови, ПСЖ.

– На сите им е јасно што се случува во модерниот фудбал. Големите екипи се обидуваат да им избегаат на малите, бидејќи за некого фудбалот е како печатница за пари. Како да играат видео игра, но тоа го прават во реалниот живот. За другите, посебно за навивачите, фудбалот е страст и начин на живот. За жал на оние кои фудбалот им е во срцето, не се на врвот. Но навивачката култура не смее да потклекне, иако сè уште не пронајдовме рамнотежа помеѓу вистинскиот фудбал и сиве овие пари – вели Суботиќ за „Билд“.

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, е разочаран што се почесто големите екипи се расфрлаат со парите, а во тоа се истакнува ПСЖ. Купувањето на Нејмар за рекордни 220 милиони евра го разочара Суботиќ, кој смета дека тие пари може да се потрошат за многу подобри и попаметни работи.

– Се би дал во мојата фондација, таа е моето животно дело. Во фондацијата се фокусираме на поддршка на селата во најсиромашните земји на светот. Таму луѓето секоднејно е соочуваат со неверојатни проблеми. Жените и децата патуваат по неколку часа за да пронајдт било каков извор на вода. Образованието може да помогне да се поправи иднината, затоа им обезбедуваме чиста вода не само во домовите туку и во училиштата – вели Суботиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот