Фудбалски празник, знамиња, шалови, спремете ја „црвено-жолтата“ декорација!

Фото: ffm.mk

Македонската сениорска репрезентација денеска ќе го игра до сега најважниот натпревар во својата историја, бараж финале за пласман на Европското првенство кое сите го посакуваме.

На нашите најдобри фудбалери им е потребна поддршка, затоа спремете ја вашата „црвено-жолта“ декорација, со вашите шалови, знамиња, вечерва нека биде фудбалски празник.

Нека биде денот историски, ден кој ќе се памети, 12 ноември 2020 година, кога Македонија конечно успеала да обезбеди настап на ЕП.

Ангеловски: Горан поведи ги нашите браќа до пласман на ЕП

Секако и навивачите имаат свој придонес на патот кон успехот, верните љубители на фудбалот и спортот воопшто од трибините секогаш ја давале и ќе ја даваат енергијата, каде и да се во овој свет, самата мотивација до самите играчи кои се борат за поволен резултат на теренот.

Воедно посакуваме и ситуацијата со ковид-19 што побрзо да заврши, и навивачите повторно да ги гледаме на стадионите и така се комплетира комплетната слика на еден фудбалски, спортски натпревар.

Во овие тешки моменти останува да се обединиме, без разлика на верата, етничката припадност, пол, убедувања, сите да бидеме како едно, во намерата фудбалерите да ја остварат целта.

И евентуално да не успеат вечерва во Тбилиси избраниците на селекторот Игор Ангеловски, да ги бодриме, поддржуваме и по тажни моменти. Но, ние се надеваме, веруваме и посакуваме на крајот атмосферата да биде победничка, славеничка! Напред Македонија!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот