Фудбалски клуб јавно се откажа од своите навивачи-хулигани

По страшните сцена од Печуј, Унгарија, каде хулиганите го прекинаа натпреварот помеѓу истоимениот клуб и хрватскиот второлигаш Цибалија, реагираше домашниот тим. Печуј одлучи јавно да се откаже од своите навивачи:

„Минатиот викенд пријателскиот натпревар со Цибалија за жал беше прекинат поради нередите кои ги предизвикаа организирани групи на унгарски и хрватски навивачи. Инцидентот се случи за време на пријателскиот натпреар на кој беа присутни и навивачи кои сакаа да гледаат фудбал, постари луѓе и деца. Веруваме дека насилството не смее да биде дел од ФК Печуј, па поради тоа се откажуваме од сите навивачи кои со своето однесување предизвикаа страв кај останатите. Заедно со обезбедувањето ќе даде се од себе за вакви проблеми нема да се повторат и ќе спроведеме интерна истрага“, стои во соопштението на унгарскиот тим.

На натпреварот помеќу Печуј и Цибалија, на 15-тина минути пред натпреварот, домашните навивачи откако видеа дека има околу 50 навивачи на хрватскиот тим, влегоа на теренот наоружани со безбол палки и започнаа физичка пресметка. На крајот полицијата уапси 41 хрватски и три унгарски хулигани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот