Фудбалска Македонија се прости од Слободан Вујчиќ – Брацо

фото: ФФМ

Комеморацијата во чест на популарниот Брацо се одржа во хотелот Континентал во Скопје на која присуствуваа неговиот син Штефан Вујчиќ, претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, неговите најблиски соработници Бранко Радевски и Александар Заковски, но и поранешните финансиери во македонскиот фудбал Рафет Муминовиќ, Александар Забрчанец – Ацуле, поранешни и актуелни македонски фудбалери.

Брацо беше голем пријател на македонскиот спорт, помагаше секојпат во изминатите две децении, беше спонзор на најтрофејниот македонски клуб Вардар, потоа ги помагаше Македонија ЃП, Работнички, Тетекс, Слога Југомагнат, Еуромилк Горно Лисиче, Локомотива…

Беше застапник за ТВ-правата, беше човекот кој го овозможи преносот од историскиот прв меч на македонската репрезентацијаво Крањ во 1993 година, а помагаше и во ракометот, цела опрема ја донираше за македонската олимписка експедиција во 2004 година на ЛОИ во Атина… Беше хуманитарец, добитник на наградата „Мајка Тереза“…

За Ликот и делото на Слободан Брацо Вујчиќ, зборуваше новинарот Атанас Костовски, неговиот долгогодишен соработник и пријател.

– Сите ние кои сме тука, а кои за жал на овој начин не собра Слободан Брацо-Вујчиќ, доволно зборува за големината на овој човек. Пријателот на Македонија и македонскиот спорт кој не знаеше да одбие никого, огромен добротел кој остави за сите нас премногу изминативе 30 години откако пристигна во нашата земја. Сите оние фудбалски и спортски колективи кои ги помагаше безрезервно, од Македонија ЃП, Цементарница 55, Тетекс, Победа, Еуромилк ГЛ, Работнички… па се до неговата најголема љубов ФК Вардар, добро знаат кој беше и што значеше за македонскиот спорт Брацо Вујчиќ.

Огромен хуманист кој засекогаш ќе го паметиме. Но, од друга страна големо прашање е што му подаривме ние за возврат. Во сите овие 30 години единствена, верувајте единствена, статуетка која ја доби е признанието ‘Мајка Тереза’, и ништо друго. А, поддржуваше бројни проекти и во уметноста, финансираше сам бројни пишани изданија и книги, голем спонзор и на Фудбалската федерација на Македонија, беше донатор на комплетната опрема за македонската олимписка делегеција на ЛОИ 2004, а ни го подари бесплатно и директниот ТВ пренос од првиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија во Крањ…

За возврат ние во Македонија му подаривме многу неправди. Начинот на кој со три судски одлуки без ниту едно одржано рочиште, без никаква правда, му беше одземена неговата најголема љубов ФК Вардар пред седум години дефинитивно го уништи. Со таквите неправди сите ние во оваа земја дополнително му го скративме животниот век, наспроти неговата огромна љубов и дарежливост за оваа земја – рече Костовски.

[foogallery id=”39126″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот