Фудбалска дипломатија, Пике на плажа врбува засилувања

Барселона сè уште не се откажува од ангажманот на капитенот на Ајакс, Матијс де Лихт. Иако фудбалерот јавно ја откачи Барселона поради малата плата, застојот во преговорите со Јувентус, влеаја надежи кај каталонскиот клуб дека шансите за договор не се загубени.

Иако се шпекулираше дека Јувентус на Де Лихт му нуди годинашна плата помеѓу 10 и 12 милиони евра, вистинската понуда изнесува 7.5 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси. Тоа е само 1.5 милиони евра повеќе од понудата на Барселона и токму затоа Де Лихт ја одби првата понуда, останувајќи на барањето од 10-12 милиони евра по сезона.

Застојот во преговорите, ги алармира сите во каталонскиот клуб, па капитенот Жерар Пике замина на Бахамите за лично да се сретне со Де Лихт и да го убеди да потпише со Барселона. Освен желбата да игра заедно со младиот дефанзивец, Пике замина на Бахамите за да го разувери Де Лихт дека тој нема вистина во наводните пишувања на италијанските медиуми оти тој е против неговото доаѓање на „Камп Ноу“.

Матијс де Лихт, првиот дел од одморот го помина во САД, а од вчера се наоѓа на Бахамите, додека Пике и неговата сопруга, пејачката Шакира секое лето одмораа на Карипските острови.

Покрај  Јувентус и Барселона, во игра за потписот со Холанжанецот е и ПСЖ кој е подотвен да ги исполни сите барања на самиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот