Фудбалска „бомба“ во Шпанија: Антоан Гризман се враќа во Атлетико Мадрид

Французинот повторно во дресот на „јорганџиите“/Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Никој не можеше ниту да претпостави дека ова ќе се случи, и тоа на последниот ден од летниот рок 2021, Антоан Гризман повторно ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид!

Атлетико го помина целиот преоден рок во потрага по напаѓач кој ќе го замени Диего Коста и воедно му помогне на Луис Суарез.

Најголемата желба беше Душан Влаховиќ, кого Фиорентина не сакаше да го пушти од клубот, па Атлетико се сврте кон стариот познаник – францускиот репрезентативец Гризман.

Барселона падна под огромни финансиски проблеми, за што сведочи фактот дека не успеа да го продолжи договорот со Лионел Меси.

Поради новите правила во лигата, поточно постоењето на „селери кеп“ (договор или правило што поставува ограничување на сумата на пари што тимот може да ги потроши за платите на играчите) Барселона мора да продава играчи, а изборот падна на Гризман.

Според информациите, Гризман ќе биде позајмен во Атлетико до крајот на сезоната, со опција „јорганџиите“ да го откупат за 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот