Фудбалска бајка: Пред шест години живееше од социјална помош, а сега ќе игра за пласман во финалето на ЛШ

epa09062436 Chelsea's goalkeeper Edouard Mendy in action during the English Premier League soccer match between Chelsea FC and Everton FC in London, Britain, 08 March 2021. EPA-EFE/John Sibley / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Во првото полуфинале во Лигата на шампионите кое се игра вечерва помеѓу Реал Мадрид и Челси, еден од актерите ќе биде и играчот кој има неверојатна животна приказна.

По бурата која ја предизвикаа 12 европски гиганти со формирањето на Суперлигата која по само 48 часа беше запрена, фудбалот полека се враќа во нормала и возбудувањата продолжуваат со полуфиналните пресметки во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Вечерва во првото полуфинале во ЛШ се среќаваат Реал Мадрид и Челси, а еден од актерите ќе биде и Едуард Менди кој има неверојатна животна приказна.

Менди на почетокот од сезоната пристигна во Челси за 25 милиони евра и веднаш му го зеде местото во првиот тим на најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага.
Сепак животот не беше толку добар за Менди, бидејќи не така одамна тој живееше од социјална помош.

Пред шест години Едуард Менди доби отказ од францускиот третолигаш Шербур и поради тоа цела година беше без клуб. Бидејќи почна да се сомнева дека повторно ќе му се врати на фудбалот, Менди почна да бара работа надвор од спортот.
– Некој пред шест години да ми кажеше дека сега ќе бидам тука, воопшто немаше да се трудам да го слушам – изјави неодамна Менди.

По едногодишна пауза од фудбалот во која добиваше социјална помош од државата, во летото 2015 година, Едуард Менди доби понуда да стане четврти голман на Олимпик Марсеј и тоа сосема случајно. Еден негов поранешен соиграч го препорачал на поранешниот европски шампион по што Менди стана резервен голман на вториот тим на Олимпик Марсеј.
– Ме спаси понудата од Марсеј. Претпладне тренирав, попладне работев бидејќи понудата за невработени не ми беше доволна. Имав бремена девојка и поради тоа понудата пристигна во идеален момент – открива Менди.

Оттогаш работите за Менди одат кон подобро, од 2016 година го бранеше голот на тогашниот второлигаш Ремс, а по три години се пресели во француската Лига 1 и тоа во тимот на Рен.
Менди во Рен беше од клучните играчи за пласманот на екипата во Лигата на шампионите со што го сврте вниманието на гигантите меѓу кои најбрз и најконкретен беше Челси.
Сега Менди е далеку од времето кога живееше од социјална помош, во Челси има годишна плата од четири милиони евра, а во полуфиналето во ЛШ го очекува пресметка со неговиот роднина Ферлан Менди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот