27.8 C
Скопје

Фудбалска бајка: Беше во логор, бегаше од глад, а сега е нова ѕвезда на Серија А

Екипата на Рома оваа сезона не прикажува игри какви што се очекуваат од неа и поради тоа е ангажиран Жозе Мурињо кој треба да го стабилизира тимот. Една од светлите точки на Рома оваа сезона е младиот 19-годишен фудбалер од Гамбија, Ебрима Дарбо.

Тој за првиот тим на Рома дебитираше против Сампдорија, а потоа беше стартер и против Кротоне, Интер, Лацио и во реванш натпреварот од Лигата на Европа против Манчестер јунајтед.
Младиот фудбалер сите ги воодушеви со освои игри, челниците на екипата во него гледаат идна ѕвезда, а неговата животна приказна е неверојатна и повеќе личи како да се за филмско платно.
Ебрима Дарбо е роден во Гамбија 2001 година, но веќе на 14 години морал да бега за да си го спаси животот.
Неговото семејство било сиромашно, тие немале што да јадат. Поради тоа Дарбо сам го напуштил домот и некако успеал да се качи на имигрантски број со кој требало да пристигне на Сицилија, но завршил во логор во Либија.

Сепак, кога успеал да пристигне во Италија имал 180 сантиметри и имал само 50 килограми. Веднаш му бил доделен социјален работник кој ќе се грижи за него, по што е префлен во град во близина на Рим. Таму почнал да игра фудбал по што бил приметен од скаутите на Рома. Благодарение на одличните игри во јуниорскиот тим на „римската волчиња“, Ебрима Дарбо набрзо добил професионален договор вреден 50.000 евра годишно. Можеби оваа сума е мала во фудбалот, но за Дарбо кој претходно немал што да јаде и завршил во логор, претставувала вистинско богатство.

– Бев нервозен кога влегував на теренот. Пред четири или пет години бев во Африка и фудбалерите ги гледан на ТВ екраните, а денеска играв против нив. Бев возбуден поради тоа. Точно е дека морав да поминам едно долго патешествие кое беше тешко за мене за да стигнам до тука. Но, откако сум во Италија, мојот живот се промени, сакам да им се заблагодарам на тренерите Фонсека и Де Роси и сите кои ме тренираа откако сум во Рома. Можеби ништо не сум направил досега, ме чека долг пат – изјави Дарбо по натпреварот против Манчестер јунајтед.

Медиумите во Италија немаат дилеми, новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо во својот тим ќе има вистински воин кој ќе гине на теренот за секоја топка.

Поврзани вести

ВИДЕО: Шведска од пенал до прва победа на Евро 2020

Слободен печат

ФОТО | Вистинско уживање! Се кандисавме за Охрид, бендисавме и топло препорачуваме: Кај Маја и Душица на домашни специјалитети од кои ќе ви се отворат сите чакри

Јасмина Кантарџиева Димков

Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Слободен печат

Фудбалерите од Букурешт се преселија во Амстердам

Слободен печат

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Слободен печат

Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

Слободен печат

Остави Коментар