Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

EPA/CJ GUNTHER

Гордиот Албион има талентирана генерација која уште сега е подготвена да се бори за најважните трофеи.

Колевката на фудбалот, Англија, никогаш не пропушта можност да укаже на тоа дека тие се најзаслужни за постоењето на фудбалот и дека тие се во светскиот фудбалски крем, но повеќе од еден век им носат само разочарувања на своите навивачи.

Последниот голем успех на англиската репрезентација е триумфот на СП 1966 година кое се одржа токму во Англија, и веќе 54 години сонуваат трофеј од големите натпреварувања.

Герет Саутгејт/EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Сепак, се чини е се поблизу крајот на разочарувањата на навивачите на Гордиот Албион бидејќи селекторот Герет Саутгејт има на располагање неверојатно талентирана репрезентација која може да владее во фудбалот.
Првиот тест е за 12 месеци и Европското првенство кое требаше да се одржи годинава но е одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Селекторот Саутгејт веќе располага се одличен тим кој има по барем три солидни алтернативи за секој фудбалер, а податокот дека голем број од нив сè уште имаат право да играат и за младата репрезентација ги враќа насмевките и надежите кај навивачите.

Голмани: Хендерсон, Пикфорд, Поуп

Дин Хендерсон/EPA-EFE/PETER POWELL

Голманот на Манчестер јунајтед кој сезонава брани за Шефилд јунајтед како позајмен играч веќе му го зеде местото на Пикфорд и дресот со број еден во репрезентацијата.

Десни бекови: Александер-Арнолд, Ван Бисака, Вокер, Џејмс

Трент Александер-Арнолд/EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Ливерпул е незаменлив дел од првиот тим во репрезентацијата, Александер-Арнолд веќе израсна во еден од најдобрите дефанзивци на светот, но Саутгејт има достојна замена за него во бекот на Јунајтед, Ван Бисака.

Стопери: Гомез, Стоунс, Кин, Мегваер, Томори, Мингс

Џо Гомез/EPA-EFE/PETER POWELL

Капитенот на Јунајтед, Хари Мегваер е предводник на одбраната на Гордиот Албион која според експертите е најлабиот дел од репрезентацијата.

Леви бекови: Чилвел, Шо, Роуз

Бен Чилвел

Бен Чилвел за кого се тепаат најголемите англиски екипи, оваа сезона со игрите за Лестер покажа дека моментно е најдобар лев бек во Англија и одлично решение за наредните 10-тина години.

Среден дефанзивен ред : Хендерсон, Рајс, Винкс, Даер

Џордан Хендерсон/twitter/premier league

Капитенот на Ливерпул е душата на репрезентацијата кој сезонава покажа дека е универзален играч кој може да одговори на секоја задача на тренерите или селекторот.

Десни крила: Окслејд-Чембрлен, Али, Маунт, Лофтус-Чик

Алекс Окслејд-Чембрлен/EPA-EFE/Paul Childs

Фудбалерот на Ливерпул е прв избор на селекторот Саутгејт, но Англија нема потреба да стравува од евентуална повреда на Окслејд-Чембрлен бидејќи има одлична замена.

Леви крила: Фоден, Медисон, Грилиш, Баркли

фил фоден/EPA-EFE/Michael Regan

Фил Фоден е на добар пат да стане вистинска ѕвезда на англискиот фудбал и се повеќе ја добива довербата од менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, а во иднина го очекува жестока борба со Медисон и Грилиш за место во репрезентацијата.

Напад: Стерлинг, Санчо, Гринвуд, Рашфорд, Сака, Нелсон, Сесењон, Кејн, Абрахам, Калверт-Луин

twitter/UEFA2020

Нападот е најсилниот дел од англиската репрезентација каде лидер е играчот на Тотенхем, Хари Кејн од кого највеќе се очекува дека уште наредната година ќе донесе трофеј, тој од ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот