Фудбалот се враќа: Бундеслигата тргнува во „војна“ со коронавирусот и тоа со големото рурско дерби

Германската Бундеслига е првата елитна светска фудбалска лига која се враќа по двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Денеска треба да се одиграат осум натпревари, седум започнуваат од 15.30 часот меѓу коои ќе биде и дерби средбата помеѓу омразените ривали, Борусија Дортмунд и Шалке, популарното Рурско дерби.

Ова е најголемото дерби во Германија каде навивачите го имаат главниот збор. За големата натпреливост помеѓу навивачите на двете екипи зборува и податокот дека во минатото на терен имало и лавови. 

Во последниот натпревар од 18.30 часот ќе играат Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах, а сите натпревари до крајот на сезоната ќе се играат без присуство на навивачи.

Лидер на табелата е Баерн Минхен со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет повеќе од Лајпциг на девет кола до крајот на сезоната.
Последнопласиран тим во Бундеслигата е Падерборн со 16 бода, два бода повеќе има Вердер, а Фортуна Дизелдорф е на 16. место со 22 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот