Фудбалот по пандемијата повеќе нема да биде ист, екипите нема да се расфрлаат со пари за трансфери

twitter.com/Socia1RMadrid

Фудбалот мораше да се соочи со болната реалност кога го погоди целиот свет, пандемијата на коронавирусот.

Фудбалот низ целиот свет е ставен во „карантин“ поради пандемијата на коронавирусот, првенствата се одложени на неодредено време и во овие моменти не се знае кога работите ќе се вратат во нормала, но една работа е извесна, дека повеќе ништо нема да биде исто.

Една од работите која ќе го погодат светот по пандемијата на коронавирусот е економска криза, што ќе донесе спортистите во иднина да имаат помали плати, а клубовите веќе нема да можат да издвојуваат огромни сум за трансфери.

ФИФА најави дека ќе им помогне на клубовите кои се соочени со големи финансиски проблеми, но екипи како Вердер, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Лион или Хартс, уште сега најавија отпуштање или намалување на платите на фудбалерите, а во иднина тој чекор се очекува да го следат голем број на екипи. Во време кога се поголем број на држави прогласуваат вонредна состојба, ФИФА е свесна дека клубовите ширум светот ќе се најдат во големи финансиски проблеми.

– До избивањето на пандемијата, нормално беше да се трошат по 100 милиони евра за трансфери. Меѓутоа, таа приказна ќе се смени и повеќе нема да има такви трансфери. Проблемот за екипите кои евентуално ќе платат 100 милиони евра за трансфер на некој фудбалер, нема да успеат да ги вратат вложените средства – вели неименувалк спортски директор.

Досега се направени само девет трансфери во кои обесштетувањето било поголемо од 100 милиони евра, Нејмар, Килијан Мбапе, Фелипе Кутињо, Жоао Феликс, Осман Дембеле, Антоан Гризман, Кристијано Роналдо, Пол Погба и Еден Азар, а се очекуваше наредното лето да има околу 4-5 трансфери кои ќе ја надминат бројката од 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот