Фудбалерот Пандев и каратистката Костовска спортисти на годината 2020

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Вечерва Агенцијата за млади и спорт ги избра најдобрите спортисти за 2020 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

За најдобар спортист беше прогласен Горан Пандев, херојот кој го реализираше историскиот погодок против Грузија во Тбилиси за пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство кое треба да се одржи годинава.

За најдобра репрезентација е прогласена фудбалската, а за најдобра федерација Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) предводена од претседателот Муамед Сејдини.

За најдобра спортистка е прогласена каратистката Вероника Костовска, потоа за најуспешен тренер/селектор Игор Ангеловски кој ги водеше токму фудбалерите на патот кон ЕП.

Најдобар млад спортист е Роберто Ацковски (карате), во истиот спорт ја имаме и најдобрата млада спортистка, Магдалена Божиновска.

Признанието за спортист со лица со инвалидитет го доби Владимир Тркаљанов (шах).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот