Фудбалерот на Селта Мина осуден на четири години затвор

Санти Мина („Селта“) ќе оди во затвор поради сексуален напад/Фото: EPA-EFE/Carlos Barba

Фудбалерот на Селта, Санти Мина (26) е осуден на четири години затвор за сексуален напад на девојка во 2017 година!

Мина тогаш беше играч на Валенсија за кого одигра преку 100 натпревари, а покрај затворската казна ќе треба да плати отштета од 50.000 евра, според „Гаѕета“ и нема да смее да ѝ пријде на девојката поблиску од 500 метри во следните 12 години.

Голдар, исто така фудбалер, се соочува со затворска казна од четири до девет години.

По нападот, жртвата страдала од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, што сериозно влијаело на нејзиниот секојдневен живот.

Државниот обвинител побара осум години затвор за Мина, додека приватниот девет и пол години, но судијката Тарсила Мартинез одлучи казната да биде четири години затвор.

Санти Мина е дете на Селта, за која настапуваше од 2012 до 2015 година, кога се пресели во Валенсија, а во Селта се врати во 2019 година. Ги помина сите помлади категории на шпанската репрезентација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот