Фудбалерот на Барселона ќе се откаже од пријатели, ама од видео игри никако

твитер

Осман Дембеле во Барселона пристигна веднаш по заминувањето на Нејмар во ПСЖ, пристигна за рекордни 105 милиони евра плус дополнителни 40 милиони во бонуси, но никогаш не ги исполни очекувањата.

Во трите сезони како член на Барселона Дембеле повеќе време помина на рехабилитација од повредите отколку на фудбалскиот терен. Сето тоа е поради неспортскиот начин на живот, јадењето на брза храна и играњето видео игри до доцните часови поради што неколку пати не се појавуваше на утринските тренинзи.

Барселона дури му обезбеди личен готвач и психолози, но попупсто, Дембеле не го менува својот начин на живот, а тоа го потврди уште еднаш за време на паузата поради пандемијата на коронавирусот.

Имено, на официјалната интернет страница на Барселона тој доби интересно прашање од навивач, дали попрво би се откажал од пријателите на една година или од видео игрите.

– Без пријатели – кратко одговори Дембеле.

Иако станува збор за голем талент, неговиот карактер не му дозволи да израсне во еден голема фудбалска ѕвезда, а каталонскиот клуб полека дига раце од него. Каталонците веќе го нудат на Дембеле на екипите ширум Европа и тоа со голем попуст, подготвени се да го продадат за само 45 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот