Фудбалерот Бобан Николов за „Слободен печат“: Сам сум во Унгарија, тешко ми е, но ќе го пребродиме ова! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 

 Познати личности во земјата и во странство постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

View this post on Instagram

This feeling…??????? #hajravidi #champions ?❤️

A post shared by Nikolov Boban (@nikolovboban) on

Меѓу нив и нашиот интернационалец Бобан Николов кој веќе неколку години ги брани боите на еден од најдобрите унгарски клубови Мол Види.

„Слободен печат“ направи краток разговор со него и го прашавме како ги поминува деновите во изолација?

– Деновите ги поминувам дома. Вежбам дома се разбира, понекогаш излегувам надвор да трчам околу зградата за ја одржувам формата. Тешко е психички за сите. Поминаа месец дена, но мора да сме сплотени, да се држиме. Јас сум тука сам, мојата фамилија е во Македонија. Навистина ми е многу тешко, бидејќи нема никој со мене, но тоа е, мораш и вакви денови да поминеш во животот и да сфатиш некои работи.

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Искрено највеќе ми недостига зелениот терен и фудбалот, за тоа што тоа е мојот живот, за тоа и сум тука и тоа ме прави среќен.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Поука е тоа што сите луѓе сме еднакви. Треба да ги цениме повеќе работите кои ги имаме во животот, бидејќи не сме свесни што може да се случи еден ден, како што се случува ова сега.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Исто и јас како Стефан Ристовски. Ќе отворам едно шампанско и заедно ќе го пиеме јас и тој, бидејќи ние сме како браќа. Секој ден се слушаме, тешко ни е. Тој е во Португалија сам, јас во Унгарија сам. Се надевам што побрзо ќе го пребродиме ова и ќе отвориме заедно едно шампанско.

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– „La Casa de Papel“, „Prison Break“, и „Јужни ветар“ може. Тие ми се најомилени сега.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Искрено нарачувам, но омилена храна кога подтотвувам дома ми е омлет, бидејќи само тоа знам да правам.

С.П. И за крај што би препорачал на нашите читатели?

– Да седат дома, да ги почитуваат сите мерки. Дојде ваков период, мора да бидеме сполтени, паметни, да не излегуваме од дома. Ако не ги почитуваме мерките, ова може да трае долго. На почеток никој сериозно не го сфати овој вирус, но сега верувам дека се свесни. После дожд доаѓа сонце. Јас сум сигурен дека ќе го пребродиме ова и дека ќе имаме еден нормален живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот