Фудбалерките до 17 години од Португалија се враќаат со 27 примени голови и ниту еден постигнат

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години продолжи да реди порази и тоа убедливи со многу примени голови.
Денес избраничките на Катерина Милеска беа поразени од Унгарија со 7:0 и тоа беше трет натпревар на квалификацискиот турнир за ЕП кој се одржува во Лисабон, Португалија.
Турниорот го отворивме со највисокиот пораз и тоа 13:0 од Германија, а потоа со 7:0 подобри од нашите фудбалерки беше и Португалија. Кога се ќе собере, дома нашата репрезентација се враќа со 27 примени голови и ниту еден постигнат.
Составот во кој отпатува Македонија на турнирот:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска.