Фудбалерите во Серија А не дозволуваат кастрење на платите: Ова е срамота

твитер

Екипите кои настапуваат во Серија А денеска постигнаа договор да ги намалат платите на своите фудбалери за една третина доколку сезоната не заврши поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за четири плати, а доколку првенството продолжи во летниот период намалувањето ќе изнесува 15 проценти, односно две плати.

Ова е срамотен и незводлив предлоб. Јасно е дека тие сакаат само играчите да ја платат евентуалната штета предизвикана од кризата – изјави Умберто Калкањо, потпретседател на Унијата на професионални фудбалери во Италија.

Предлогот на челниците на Серија А го поддржаа 19 од можни 20 екипи, само Јувентус не гласаше бидејќи тој веќе се договори со своите фудбалери за намалување на платите со што ќе заштеди 90 милиони евра.

Единствен релевантен дел од нивното соопштение е тој дека клубовите ќе мора да разговараат со играчите – додава Калкањо за „Газета дело Спорт“.

Од Унијата на професионални фудбалери обвнинуваат дека за намалувањето на платите одлучувале претседателите на екипите кои ги пратија своите играчи да играат до 9. март, а притоа ги примораа да тренираат дополнителни 10 дена со што го ставија на ризик здравјето на своите фудбалери.

Натпреварувањето во Серија А е прекинато пред речиси еден месец откако итлаијанските власти наредија целосен карантин. До крајот на сезоната останаа да се доиграат уште 12 кола, а на табелата лидер е Јувентус со еден бод повеќе од Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот