Фудбалерите се почесто мета на организирани банди, играч од Премиер лигата ограбен од разбојници кои имале и мачети

Во последно време зачестија грабежите на фудбалерите од Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Неименуван фудбалер кој настапува во Премиер лигата и неговата девојка биле нападнати од четворица максирани напаѓачи кои биле вооружени со мачети и тоа додека одморале во својот дом.

Разбојниците провалиле низ стаклената врата, потоа ги врзале фудбалерот и неговата девојка по што ја претресле куќата и ги земале сите скапоцености. Исто така ограбувачите го влечеле неименуваниот фудбалер низ целиот дом во потрага во накит.
Нападот се случил додека фудбалерот гледал ТВ, а полицијата засега нема голем успех во потрагата по четворицата разбојници.

– Тој беше храбар, даде се од себе да им се спротивстави, но беше совладан од четворицата агресивни напаѓачи. Тој инаку живее скромно и беше шокиран што беше цел на напад – изјави неименуван извор за таблоидот „Сан“.

Грабежот го шокирал и неговиот клуб, додека челниците на Премиер лигата се загрижени дека нападите на фудбалерите во последно време стануваат честа појава поради која многу клубови им предложиле на своите играчи да изнајмат обезбедување бидејќи се сомневаат оти се на мета на организирана мафија.

Неодамна на сличен начин беа ограбени и голманот на Шефилд јунајтед, Робин Олсен и поранешниот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти.

Видео на денот