Фудбалерите останаа на 68. место на ФИФА ранг листата

фото: ffm.mk

Македонската фудбалска репрезентација очекувано си остана на 68. место на ФИФА ранг листа која е објавена денеска.

Македонија има 1347 бода и на ранг листата нема промени поради прекинот на фудбалските активности предизвикани од кризата со коронавирусот.

Избраниците на Игор Ангеловски требаше на 26. март да го играат полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на Нациите преку кој се брка и настап на Европското првенство, но натпреварот е одложен на неодредено поради пандемијата со коронавирусот.

На врвот на ФИФА ранг листата останува Белгија со 1765 бода, пред Франција со 1733 бода и Бразил со 1712 бода. Англија е на четвртата позиција, а најдобрите 10 селекции според ФИФА го заокружуваат Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот