Фудбалерите не се машини за да ги палите и гасите како вие сакате

twitter/Arsènic

УЕФА на состанокот со националните федерации донесе одлука завршувањето на сезоните во најсилните лиги и Евро куповите се приоритет, но многумина се побунија сметајќи дека фудбалот во овие моменти е небитен.

Сите национални првенства во Европа освен тоа во Белорусија, се суспендирани поради пандемијата на коронавирусот, но се бара начин како и дали да продолжат.

УЕФА на завчерашниот состанок со сите земји членки донесе одлука со која најсилните пет лиги и Лигата на шампионите се приоритет и треба да се доиграат до крај кога ќе се овозможат услови.

Многумина со побунија на ваквата одлука сметајќи дека фудбалот е најмалку важен во овие моменти, а еден од најгласните е претседатело на Сампдорија, Масимо Фереро кој притоа ги нападни колегите од Серија А.

Наместо да се најде заедничка стратегија, сите ги изнесуваат своите проблеми и ставови, велат: Сакаме да играме за Скудетото, не сакаме да одиме во Серија Б. Сите нешто зборуваат за продолжување на сезоната. Нашите екипи се повеќе личат на УЕФА.

Се трошат часови на видео состаноци наместо да се најде заедничка стратегија и да се реши проблемот. Замислете го случајот со Маноло Габијадини. Беше позитивен на коронавирус но се опорави. И како јас на него сега да му кажам дека во јуни повторно ќе игра? Па не е машина за да го палите и гасите кога на вас ви одговара. Што ќе си помисли Маноло? Кој би дошол на стадион? Можеби навивачи со маски… – изјави гневниот Фереро.

Токму Сампдорија беше клубот каде имаше неколку фудбалери кои беа позитивни на коронавирусот, а екипата донесе одлука да не дава соопштенија за да не крева паника во јавноста.

Би било корисно да разберат сите дека дојде време да направиме големи реформи во цела Италија. На почетокот никој не обрнуваше внимание на овој невидлив непријател, но јас знаев и зборував дека сè ќе се промени. Сега сите ги почитуваме правилата, сите сме во своите домови каде слушаме страшни вести – вели Фереро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот