Фудбалерите на Рома не добија дозвола да слетаат во Севиља

twitter/AS Roma

Експедицијата на „римската волчица“ нема да патува во Севиља на натпреварот од Лигата на Европа кој требаше да се игра утревечер бидејќи не доби дозвола да слета во Шпанија.

УЕФА мораше да донесе одлука да се одложи натпреварот помеѓу Севиља и Рома бидејќи фудбалерите на италијанскиот тим не беа во можност да допатуваат во Шпанија.

Италијанскиот тим на својот официјален профил на Твитер објави дека авионот не добил дозвола да слета и очекуваат повеќе информации од УЕФА.

„Кориере дело Спорт“ пренесе дека УЕФА и фудбалските федерации на двете земји не успеаја да најдат решение и начин за фудбалерите на Рома да пристигнат во Шпанија која воведе забрана да слетување на сите летови кои доаѓаат од Италија, која, пак е најзагрозена од коронавирусот.

Весникот исто така објави дека експедицијата на Рома била подготвена да лета за Португалија, а потоа или авионски или со автобус да пристигне во Севиља, но и таа можност е одбиена од шпанските власти.

УЕФА исто така треба да пронајде решение и за уште еден натпревар во Лигата на Европа, Интер – Хетафе, бидејќи претседателот на шпанскиот тим изјави дека ни по цена на елиминација на зелена маса, нема да патува во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот