Фудбалерите на Динамо Загреб контра управата, тајно донираа 120.000 за детски респиратори

Управата на хрватскиот шампион вчера го отпушти целиот стручен штаб на првиот тим освен тренерот Ненад Бјелица, бидејќи не се согласија на намалување на платите додека трае пандемијата на коронавирусот.

На намалување не се согласија ниту фудбалерите чиј капитен е македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми по што наидоа на голема осуда од јавноста.

Но, денеска фудбалерите на Динамо и тренерот Бјелица донираат 122.500 евра за набавка на детски респиратори за три болници во Загреб и ги освоија симпатиите на медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот