Фудбалерите на Чиле се со народот, одбија да играат против Перу – Слободен печат
СпортФудбал

Фудбалерите на Чиле се со народот, одбија да играат против Перу

Репрезентативците на јужноамериканската држава одбија да го одиграат пријателскиот натпревар од солидарност кон народот кој протестира низ целата држава.

Според медиумите, оваа одлука е донесена на состанокот во тренинг кампот на репрезентацијата и фудбалерите се слободни да им се приклучат на своите екипи.

– Ние сме фудбалери, но пред се луѓе и граѓани на оваа земја. Чиле моментно има многу поважни приоритети од натпреварот во вторник против Перу – напиша на својот профил на Твитер, капитенот на репрезентацијата, Гари Медел.

Во Чиле повеќе од три недела траат протестите поради социјалната нееднаквост, а кои започнаа поради поскакувањето на билетите за метро во Сантијаго за потоа да прераснат во широки протести на кое се бараат реформи во образованието, здравството, пензискиот систем и нов устав.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close