Фудбалерите на Барселона вредат 7,3 милијарди евра

фото:твитер

Играчите на каталонскиот клуб вредат 7,3 милијарди евра, доколку ги погледнеме износите внесени во клаузулите за откуп.

Потсетување дека Барса иницираше подобрен договор со младата сензација Ансу Фати.

Клаузулата на младиот Фати е 170 милиони евра, а кога ќе го потпише неговиот прв професионален договор, сумата вметната во откупната клаузула ќе се зголеми на 400 милиони евра.

Дојде од Атлетико Мадрид во текот на летото, Антоан Гризман е на врвот на рангот затоа што може да биде доведен за 800 милиони евра, пишува весникот „Спорт”.

Еве ги клаузулите за откуп и времетраењето на договорите на sвездите на Барса:

1. Антоан Гризман – 800 милиони евра (2024)
2. Лионел Меси 700 милиони евра (2021 година)
3. Жерар Пике (2022), Серхи Роберто (2022), Самуел Умтити (2023), Серхио Бускетс (2023), Жорди Алба (2024) – секој по 500 милиони евра
8. Артур (2024), Усман Дембеле (2022), Френки де Јонг (2024) – по 400 милиони евра
11. Артуро Видал (2021) и Клеман Ленгле (2023) – по 300 милиони евра
13. Луис Суарез (2021), Нето (2023) и Жуниор Фирпо (2024) – по 200 милиони евра
16. Марк-Андре тер Штеген – 180 милиони евра (2022 година)
17. Ансу Фати – 170 милиони евра (2022 година)
18. Жан-Клер Тодибо – 150 милиони евра (2023)
19. Иван Ракитиќ – 125 милиони евра (2021 година)
20. Нелсон Семедо (2022) и Муса Ваг (2023) – по 100 милиони евра
22. Карлес Алења – 75 милиони евра (2022 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот