Фудбалерите на Барселона тренираа со затворени очи! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Трчаа Антоан Гризман, Нелсон Семедо и Самуел Умтити на теренот чија задача е да ја подобрат ориентацијата, иако не е така лесно…

Во пресрет на неделниот натпревар од 23. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство и гостувањето кај Бетис, фудбалерите на Барселонаа имаа еден невообичаен тренинг.

Играчите на каталонскиот клуб двапати победија на последните четири мечеви во „Ла Лига“ што негативно влијаеше во трката за шампионската титула со Реал Мадрид.

Тренерот Кике Сетиен во најновиот тренинг применуваше необични методи, односно дел од фудбалерите вежбаа со затворени очи.

Трчаа Антоан Гризман, Нелсон Семедо и Самуел Умтити чија задача е да ја подобрат ориентацијата, иако не е така лесно, како што се гледа и на видеото.

Мораше и да се реагира, бидејќи се најдоа и надвор од теренот. Како и да е, еден интересен тренинг во пресрет на наредните предизвици сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот