Фудбалерите на Барселона ја загубија довербата во Кике Сетиен: Тој не е човек за голем клуб

twitter/FC Barcelona

Ѕвездите на каталонскиот клуб не го сакаат Сетиен на тренерската клупа, тврди Каталонско радио.

Поразот од Реал Мадрид сè уште е топ тема во Барселона, а моментно на удар е тренерот Кике Сетиен кој се чини дека нема долго да седи на клупата.

Сетиен седна на тренерското столче на почетокот од јануари кога го наследи Ернесто Валверде, но во два месеци не донесе речиси никакви промени во играта на екипата.

Дополнителни проблеми за Сетиен му зададоа и самите фудбалери на шпанскиот шампион кои сметаат дека тој не е дораснат за да биде тренер на фудбалски гигант како што е Барселона и сакаат на крајот од сезоната да си замине, тврди Каталонско радио.

Според радиото, често помеѓу фудбалерите може да се слушне дека Сетиен и неговите помошници
не знаат како да ја водат екипата, посебно во дерби натпреварите.

Барселона ги загуби речиси сите дерби натпревари, а згора на тоа има три порази во шест гостински натпревари. Посебно болен за навивачите но и самите фудбалери на каталонскиот клуб е неделниот пораз од Реал Мадрид.

Барселона исто така испадна од шпанскиот Кралски куп, а во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, одигра само 1:1 против Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот