Фудбалерите кои ја триумфирале во Европа, Барселона им обезбеди доживотна плата
Екипата на Барселона покажа дека со право нејзиното мото е „Mesce un club“ (повеќе од клуб) и мисли на своите херои кои помогнаа клубот да стане еден од најдобрите на планетата.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Хуан Карлос Хередиа откри дека клубот му обезбедува доживотна плата бидејќи учествуваше во освојување на титулата во европски натпреварувања.
Хередиа беше дел од тимот на Барселона од 1979 година кога прва ѕвезда беше Јохан Кројф, и стигна до трофејот во Купот на куп победниците.
Тој неодамна откри дека секој фудбалер на Барселона кој освоил трофеј во некое од европските натпреварувања, добил доживотен договор.
– Кога Барселона го победи Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на шампионите кое се играше во Рим, претседателот Жоан Лапорта изјави дека сите кои биле европски шампиони со Барселона ќе добијат доживотна плата и го исполни тоа ветување – откри Хередиа.