Фудбалерите имаат поголема веројатност да страдаат од невролошки проблеми по 65-годишна возраст

Фото: Pexels/Pixabay

Фудбалерите имаат поголема веројатност да страдаат од невролошки проблеми по 65-годишна возраст отколку остатокот од населението, покажува англиска студија.

Студија на експерти од универзитет во источна Англија се потпира на онлајн тестови за проценка на когнитивната функција и следење на функцијата на мозокот. Учествуваа околу 145 поранешни професионални фудбалери од кои 55 биле постари од 65 години.

Според резултатите од студијата, поранешните фудбалери на возраст меѓу 40 и 50 години имаат подобри когнитивни функции од општата популација, но о возраста овие функции опаѓаат.

„Откако ќе наполнат 65 години, работите почнуваат да одат надолу“, вели авторот на студијата, истражувач Мајкл Греј.

Според него, фудбалерите по 65 години имаат послаби резултати во извршувањето на неколку работи истовремено, а побавно реагираат. Ова се јасни докази за влошување на мозочните функции.

Новата студија е во согласност со претходните истражувања на експертите од Универзитетот во Глазгов, кои изјавија дека поранешните фудбалери имаат поголем ризик од општата популација да развијат невродегенеративни болести, како што се деменција или Паркинсонова болест.

Таквите научни студии имаат за цел да ја подигнат свеста за влијанието на спортските активности врз здравјето на мозокот. Посебно повикуваат на подобра заштита на фудбалерите, кои се изложени на потрес на мозокот.

Покрај фудбалот, на такви ризици можат да бидат изложени и други спортови, како што се боксот и рагбито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот