Фудбалерите го спасија Реал од криза, му подарија по милион евра

фото: твитер

Второто најслушано радио во Шпанија „COPE“ открива дека фудебалерите на Реал Мадрид му помогнале на својот тим за време на кризата со коронавирусот.

Новинарот Маноло Лама во емисијата „Време за игра“, открива дека капитенот Серхио Рамос предложил, а сите фудбалери префатиле во корист на клубот да се откажат од премиите кои Реал мораше да им ги исплати за освоените трофеи во минатата сезона.

Тоа значи дека секој фудбалер се откажал по еден милион евра премии бидејќи наградата на титулата во Ла Лига изнесува 700.000 евра по фудбалер, а за освојување на шпанскиот Суперкуп таа е 300.000 евра.

Со овој потег на челниците на Реал Мадрид заштедија дури 25 милиони евра и му помогнаа на клубот да нема финансиски проблеми во овој тежок период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот