Фудбалерите до 14 години ја победија Малта во Скопје

Фото: ФФМ

Младата репрезентацијата на Македонија до 14 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Малта.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Драган Начевски сосема заслужено издвојуваа победа со 1:0.

Нашите млади фудбалери беа подобри од Малта во текот на целиот натпревар, креираа опасни прилики пред голот на противникот, победата на крајот можеше да биде и поубедлива.

Ердин Мамути во 73. минута го постигна победничкиот гол за нашата млада репрезентација.

Македонија и Малта ќе одиграат уште еден контролен натпревар на 11. мај со почеток во 14. часот

Македонија: Коста Стојановски, Антонио Атанасов, Михаил Митревски, Бленди Љацка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадил Исламовиќ, Горјан Петковски, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Херолинд Селими;

Селектор: Драган Начевски;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот