Фудбалерите без напредок на ФИФА ранг листата, останаа на 65. место
Фудбалската репрезентација на Македонија иако обезбеди историски успех со пласманот на Европското првенство, не направи скок на најновата ранг листа на ФИФА.
Македонија остана на 65. место со 1.362 бодови иако во ноември одигра три натпревари, ја совлада Грузија со 1:0 во бараж натпреварот за пласман на ЕП, ја совлада Естонија со 2:1 во Лигата на нации, а во последното коло од ова натпреварување загуби од Ерменија со 1:0.
На врвот на листата, нема промени на првите шест позиции, Белгија е прва, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија, додека Аргентина скокна едно место и сега е седма, пред Уругвај и Мексико, а листата на најдобри десет репрезентации ја затвора Италија.