Фудбалер за малку ќе останеше без глава (ВИДЕО)

Фудбалерот на Лудогорец, Козмин Моци предизвика хаос на дербито од бугарскиот шампионат кој неговиот тим како гостин го совлада Левски Софија со 2:0. Моци во 80. минута го постигна вториот гол за својот тим од удар од белата точка, а со прославата ги испровоцира домашните навивачи кои сакаа да се пресметаат со него.

Тој со раширени раце гледаше кон трибината каде  се сместени навивачите на Левски, кои важат за најопасни во Бугарија. Неговиот потег прво не им се допадна на фудбалерите на Левски кои сакаа да се пресметаат со Романецот, а дел од навивачите ја прескокнаа заштитната ограда и тргнаа кон него но редарите и полицијата со крајни напори спречија линч на Моци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот