Фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување, девојката била дрогирана

Фото: илустрација

Неименуван фудбалер од исто така неименуван клуб е обвинет за групно силување за време на карантинска забава.

Жртвата која поради правни причини е анонимна, се разбудила во креветот, а покрај неа бил фудбалерот. Таа исто така тврди дека во пијалокот и била ставена дрога за време на забавата.
Таа се паши дека е силувана не само од фудбалерот туку и од неговите пријатели.

Полицијата не ги коментира овие наводи, ниту дали разговарала со фудбалерот чиј идентитет засега е непознат.

Девојката се сеќава дека испила два пијалоци, а нејзините пријатели велат дека потоа таа се однесувала многу чудно. Таа се разбудила следното утро со гребаници на нозете и со играчот кој бил гол во креветот до неа.

Кога го прашала што се случило минатата вечер, тој и рекол дека имале секс, но нејзините пријатели тврдат дека таа едвај можела да стои и дека сигурно не би можела свесно да се согласи на вакво нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот