Фудбалер од Премиер лигата го чека животна битка: „Имам рак, но верувам дека ќе се вратам“

На велшкиот репрезентативец му е дијагностициран рак на лимфните жлезди/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерот на Борнмаут и велшки репрезентативец Дејвид Брукс објави дека му е дијагностициран рак.

Тој откри дека му бил дијагностициран рак на лимфните жлезди, и дека ќе започне со лекување следната недела. Брукс досега одигра 21 натпревар за репрезентацијата на Велс, а оваа сезона одигра девет мечеви за Борнмаут.

– Тешко е да се напише оваа порака. Иако сето ова ме шокираше мене и моето семејство, прогнозите се позитивни и уверен сум дека целосно ќе закрепнам и ќе се вратам на теренот.

Сакам да им се заблагодарам на лекарите, медицинските сестри и болничкиот персонал за нивната професионалност и разбирање. Благодарност до сите во Фудбалската федерација на Велс, бидејќи без брза интервенција на медицинскиот тим, можеби немаше да ја откриеме болеста.

Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Бурнмаут за поддршката и помошта во текот на изминатата недела. Иако го ценам медиумскиот интерес, би побарал да се почитува мојата приватност во наредните месеци. Ќе ги споделам информациите кога ќе можам.

Ви благодарам на сите за пораките за поддршка, тие ми значат многу. Со нетрпение очекувам повторно да го видам и да го играм спортот што го сакам – пишува Брукс во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Brooks (@db_36)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот