Фудбалер на Реал ја менува сопругата за трофејот во ЛШ, веднаш доби одговор

Федерико Валверде/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Утревечер ќе биде спуштена завесата во европскиот фудбал со одигрување на финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул. И двете екипи имаат шанса сезоната да ја завршат со три трофеи, Ливерпул досега победи во ФА Купот и Лига Купот, додека Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига и победи во шпанскиот Суперкуп.

Фудбалерите на двете екипи се сконцентрирани само на победата, а за тоа колку триумфот им е важен за играчите, најдобро покажува изјавата на уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде, со која ја насмеа шпанската и европската јавност.

– Ова е единствениот трофеј по кој копнее секој фудбалер на светот. Подготвен сум да жртвувам сè за да дојдам до трофејот, па дури и сопругата, освен мојот син  – изјави Валверде.

Фудбалерот на Реал не чекаше долго време на одговор од сопругата, новинарката Мина Бонино која слична желба.

– И јас би го жртвувала него за уште една титула на Ривер Плата во Копа Либертадорес – му одговори Мина Бонино на својот сопруг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот