Фудбалер на Лион требало да направи трансфер во Премиер лигата, но – се расплакал и побегнал!

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Неверојатна ситуација се случила во финишот од преодниот рок во Премиер лигата, а во центарот на вниманието бил фудбалерот Ернест Нуамах.

Нуамах требало од Лион да се пресели во Фулам во договорен трансфер вреден 19 милиони евра. Фудбалерот и пристигнал во Лондон каде што ги поминал лекарските прегледи, а потоа од одредени причини се расплакал и побегнал.

Агентот на фудбалерот истакна дека не можел да стапи во контакт со фудбалерот, а во меѓувреме првиот човек на Лион Џон Текстот му испраил јавно извинување бидејќи против негова желба сакал да го продаде на Островот.

Минатото лето Нуамах пристигна во Лион од редовите на РВДМ од Белгија, настапуваше за Нортсјеланд од Данска и Рајт од Гана. Дресот на репрезентацијата на Гана го носел на 12 натпревари и постигнал три гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот