Фудбалер на Арсенал позитивен на корона

Арсенал тренинг/EPA-EFE/WILL OLIVER

Тројца играчи на „топчиите“ се изолирани од екипата по поразот од Манчестер сити минатата недела бидејќи еден од нив е позитивен на коронавирус.

Арсенал одби да го открие името на фудбалерот кој имал симптоми на ковид-19 и тоа само еден ден по наптреварот со Манчестер сити, а Би-Би-Си дознава дека тој имал контакти со останатите двајца соиграчи и поради тоа сите тројца се пратени во самоизолација како што предвидува протоколот на Премиер лигата.

Тројцата фудбалери немале никакви симптоми на коронавирус во пресрет на последната рунда на тестирање во Премиер лигата, но еден од нив веднаш по натпреварот против „граѓаните“ пројавил симптоми и веднаш бил тестиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот